Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Незаконските абортуси дивеат

- Во моето долгогодишно искуство, секоја жена што дошла кај  мене и побарала услуга како што е абортусот, лично и човечки сум се обидел да ги одвратам, зашто мислам дека нема поубава работа од дете, но сепак тоа е право на жената - вели д-р Драган Тантуровски - гинеколог.

 Зачудува негрижата на жените за сопственото здравје. Голем број малолетнички, девојки, па и жени што веќе родиле, прво не се штитат од бременоста, а потоа прават втора грешка и се решаваат да абортираатЗачудува негрижата на жените за сопственото здравје. Голем број малолетнички, девојки, па и жени што веќе родиле, прво не се штитат од бременоста, а потоа прават втора грешка и се решаваат да абортираат, најчесто кај лекар што нема услови за хируршки интервенции. Ваквите рутински зафати често завршуваат со тешки последици за здравјето на пациентката. Сигурно е дека лекарите во болниците не се имуни на такви грешки, но олеснителна околност за нив е што можат веднаш да реагираат во операциона сала. Затоа и Законот налага оваа интервенција да се врши само во болнички услови. Колку лекари не ја почитуваат забраната не знаат ни здравствените инспектори, иако нивната работа е токму тоа - да ги контролираат и да ги казнуваат прекршителите.
Но, висината на казната што би ја платил лекарот што врши див абортус е неспоредлива со последиците за пациентката, ако хируршката интервенција се усложни. Затоа инспекцискиот надзор и спречувањето на ваквата практика се многу поважни од казните. Најважно, сепак, е жената самата да се заштити од несаканата бременост, бидејќи и најлегално извршен абортус носи голем ризик за здравјето. Фрапантен е податокот дека бројот на абортусите е поголем од бројот на раѓањата - ги има повеќе од 25.000 годишно, со тоа што никој не знае колкав е бројот на прекините во приватните ординации.
Можноста да се вршат абортуси и во втора смена на Клиниката за гинекологија можеби ќе пренасочи дел од пациентките во болниците. Но, од тоа нема да има голема корист се' додека на пациентките им е поважно некој да не ги види како купуваат контрацептивно средство отколку како чекаат пред ординација за абортус.

Во Македонија годишно се раѓаат толку деца колку што и се абортираат.

Ваквата трагична статистика на  зголемен број абортуси кои годишно стигнуваат и до 22.000  ја помогнаа се поголемиот број ново отворени  приватните ординации каде дивеат незаконски абортуси за кои никој не води ред.

Најразлични инфекции, крварења што завршуваат со стерилитет или пак отстранувања на матката се само дел од негативните последици од абортусот.

За психички трауми и да не станува збор.

- Работиме со метални инструменти кои се прилично груби, така што колку и да е докторот професионалец настануваат извесни инфекции кои за среќа кај нас се мали, но се случуваат обилни крварења, откинување дел од матката итн - вели гинекологот д - р Драган Тантуровски.

Со исклучок на неизбежни ситуации, граѓаните  не го оправдуваат абортусот.

Абортусите изведени кај разни надри лекари годишно во светот убиваат преку 68.000 жени, а милион други завршуваат со тешки инфекции.Додека трагични 15% од бремените жени се одлучуваат да абортираат,во меѓувреме расте бројот на жените, кои бидејки неможат по природен, решаваат да забременат по вештачки пат.Во изминатиов период бројот на ин витро оплодувања е зголемен за 40%. Само  на државната клиниката за гинекологија во моментов околу 40 жени чекаат да бидат вештачки оплодени.

Прочитано: 2402
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy