Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Здружението за гинеколози против дивите абортуси

Одвај спасила живот по абортус

Казните за нелегален абортус се од 50.000 до 150.000 денари или кривична пријава

Решив да ја прекинам третата бременост во приватна ординација, најмногу поради дискрецијата. Отпрвин мислев дека е сеедно каде ќе го направам абортусот, но се излажав. Нешто тргнало наопаку, сум почнала многу да крвавам, па итно ме пренеле во болница, каде што лекарите едвај ме спасиле. Се зачудив кога од анестезијата се разбудив во сосема друга установа. Ми рекоа дека сум имала среќа што сум останала жива и што не ми ја извадиле матката - раскажува 40-годишната М.К. Од Скопје, која поднеала и тужба за приватниот гинеколог.Здружението на гинеколозите ќе покрене иницијатива да се почитува Законот за здравствената заштита, со кој се забранети абортуси во приватните ординации. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе врши засилени контроли, а предупредува дека гинеколог што ќе изврши абортус ќе заработи прекршочна казна од 50.000 до 150.000 денари или кривична пријава.

- Абортуси не смеат да се прават во приватни ординации бидејќи немаат операциона сала и може да се загрозат здравјето и животот на пациентката. Може да дојде до компликации, по што само итна операција може да го спаси животот на пациентката. Затоа оваа и сите други интервенции во Скопје смеат да се вршат само на нашата клиника, во Гинекологија „Чаир“, и во приватните болници „Систина“ и „Ремедика“ - објаснува директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Адела Стефанија.

Во оваа установа е драстично намален бројот на абортусите последниве години. Од околу 2.000 прекини на бременоста годишно, сега се прават само по 500. Од јануари досега на Клиниката имало вкупно 483 абортуси, од кои три кај малолетни лица. Најчесто абортираат девојки на возраст од 25 и 26 години. Во минатата година имало 510 вакви интервенции. Бидејќи има повеќе прекини на бременоста отколку раѓања, тоа значи дека годишно се вршат повеќе од 20.000 абортуси во целата земја. Во приватните ординации за абортус се плаќа меѓу 3.000 и 6.000 денари, а на клиниката е 4.500 денари до 12-тата недела од бременоста, а 8.800 денари за поодмината бременост.
Од Клиниката за гинекологија соопштуваат дека сите пациентки што ќе се решат на намерен прекин на бременоста до 12-тата недела, од денеска можат да го тоа направат и попладне од 15 до 20 часот. По два часа од интервенцијата, пациентките ќе можат да ја напуштат клиниката. Санитарните инспектори објаснуваат дека абортусот не смее да се врши во приватните гинеколошки ординации, како и која било друга интервенција освен преглед.
- Тоа е неовластено вршење здравствена дејност и никогаш не ни било дозволено, според Законот за здравствената заштита. Прекинот на бременоста е надвор од решението за вршење на дејноста што го има приватен гинеколог. За ова непочитување на законот, се поднесува прекршочна пријава, а ако има докази дека пациентката има и последици за здравјето, поднесуваме и кривична пријава спрема гинекологот. Пациентката може да поднесе и жалба во Министерството за здравство, ако настанале и компликации. Приватните гинеколози во своите ординации смеат да вршат само специјалистичко-консултативна дејност, како што работат нивните колеги во примарното јавно здравство - велат во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Таму не добивме договор дали и на колку приватни гинеколози досега им се изречени прекршочни или кривични пријави поради незаконски извршени абортуси

Прочитано: 2801
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy