Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Зошто абортусот стана тема?
08_weeks-01.jpg
НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ОНИЕ ШТО АБОРТУСОТ ГО ОПРАВДУВААТ СО ПРАВО НА ИЗБОР

Од секогаш ми беше смешно зошто светското движење за абортус себе си се нарекува ЗА ИЗБОР, а не ЗА АБОРТУС.

Бидејќи е невозможно со аргументи да го оправдаат убиството на човечко суштество кое се уште не е родено поборниците за абортусот се определија тоа да го оправдуваат со правото на избор. Адвокатите на абортусот никогаш не ги земаат предвид едноставните научни факти туку секогаш велат ова е слободна земја... луѓето имаат право да одберат... не можете да ја ограничите  слободата на избор и слично. Ништо повеќе не ја збунило светската политика, во тој контекст и македонската како ова едноставно искривување на фактите.

Овие луѓе безразлика што за илјадници други прашања не се ЗА ИЗБОР (само за пример тие ја започнаа кампањата за забрана на пушењето, или воопшто не се против тоа употребата на дрога, покрај дилањето да се смета за кривично дело) ја прифатија оваа етикета наместо ЗА АБОРТУС.

Сериозни научни истражувања покажуваат дека во Америка кадешто абортусот е дозволен со преседан на Врховниот суд, а не законски, 99% од жените што дошле да ја прекинат бременоста зачнале преку доброволен сексуален чин (Just over 1% of all abortions in the United States happen as a result of rape: Torres A and Forrest JD, Why do women have abortions? Family Planning Perspectives, 1988, 24(4):169-176.) Ако ова е точно, а точно е тогаш повеќе од јасно е дека тие жени доброволно го направиле својот избор, а во овој случај убиството (абортусот) го користат како контрацепција.

Ама во најголем број случаи абортусот не ја спречува жената да остане бремена, тоа може да го стори апстиненцијата на пример, а абортусот едноставно ја прекинува бременоста убивајќи го ембрионот или фетусот кој живее во неа. Абортусот не може да биде избор, а ако некој неќе деца, може или да употребува контрацептивни средства или да апстинира - тоа е веќе избор.

На крајот на краиштата ние имаме право да одбереме само доколку нашиот избор не би бил на штета на друго човечко суштество. Во случајот со абортусот изборот е токму на штета на другиот и сите влади во светот, вклучувајќи ја и нашата би требало да обрне повеќе внимание на ова. Замислете каков идиот би бил маж кој силувањето би се обидел да го правда со - мое тело мој избор! Веднаш и инстинктивно знаеме дека не е во право . Зошто? Затоа што силувањето е акт на насилство кој што вклучува повеќе од една личност, повеќе од едно тело. Веднаш и без двоумење знаеме и дека треба и мора да биде казнет затоа што неговиот избор вклучил повеќе од едно тело, а другата личност претрпела повреди, страв или во најлоши случаи завршила со смртни последици. А тоа е исто и со абортусот само што исходот е сигурна смрт за бебето.
Прочитано: 3044
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy