Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Секое дете - сакано дете
Една од омилените мантри на застапниците на абортусот во земјава е “Секое дете – сакано дете”. Звучи благородно, додека не сфатите какво е нивното решение за несаканите. Ако дете не е посакувано, тврдат, не треба да се роди. Проблемот, се разбира, е тоа што детето е веќе зачнато, и единствениот начин да го спречиш да се роди е да го убиеш. Како го оправдуваат таквото насилство? Често со аргументот дека за детето е подобро да умре отколку да биде несакано.
111.JPG


Ова е фаличен, прост аргумент. Не „држи“ поради самиот факт што никој не дава таков аргумент за децата откако ќе се родат. Кој слушнал од некоја организација да тврди дека е подобро да се убијат децата кои чекаат да бидат посвоени,  отколку да се пуштат да страдаат „несакан” живот? Ако нечие право на живот беше воспоставено или одстрането само врз основа на “саканоста”, тоа ќе значеше смрт за бездомниците по целава земја.

Нешто што е толку субјективно како „саканоста” никогаш не може да биде основа за некому да му се даде право на живот, и застапниците на абортусот го знаат тоа. Тие не тврдат дека мајките треба да имаат слобода да ги убијат своите “несакани” деца ПО раѓањето, бидејќи знаат дека тие деца се живи, човечки суштества со целосни права на една личност. Единствената причина што тврдат дека мајките треба да можат да ги убијат своите несакани деца ПРЕД раѓањето е тоа што ја игнорираат научната стварност дека и тие деца се живи луѓе. Тука се работи за човечноста, не за саканоста.

На крај, никогаш не смее да се заборави дека самата дискусија за „саканоста” пред се’ игнорира значајна димензија на стварноста. Во поширока смисла, нема „несакани” деца. Дури и ако биолошките родители не сакаат да имаат ништо со своето потомство, по целата земја има семејства кои очајнички чекаат да посвојат бебе, семејства кои се спремни да посвојат болни бебиња од било која раса или етничка припадност. Оваа често наведувана идеја на “несаканоста” залажува и е во целост недоволна да оправда дури и еден единствен абортус.

 

Прочитано: 3846
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy