Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Полемичкиот абортус на Мирјана Најчевска

ПОЛЕМИКА ЗА И ПРОТИВ АБОРТУСОТ

Полемичкиот абортус на Мирјана Најчевска

Да не замижуваме пред вистината! Колку и да е суверена - и токму затоа! - одлуката за абортусот не е дреболија! Таа го става на тест она најдлабокото, најчовечното и најнечовечното во човекот! Секој од нас е свесен дека тоа е така! Ниту еден пар не застанал пред потешка и пострашна одлука од одлуката да го абортира своето дете!

Доколку текстот „Соборливиот аргумент на Ферид Мухиќ“ беше потпишан со стандардното клише („Име и адреса познати на Редакцијата“), ќе бев сигурен дека тоа е уште еден полуписмен излив од перото на некој фрустриран медиумски егзибиционист. Какво разочарување! Потпишана е Мирјана Најчевска, и тоа како „универзитетски професор“!? По тонот на нетолерантност, лични дисквалификативи, фактографски неточности и логичка дезориентираност, писмото на Најчевска претставува девалвација на самата институција „универзитетски професор“, а рака на срце, би претставувало срам и за звањето учител во основно школо. Нејзиното писмо само е обид за полемика со „аргументот на Ферид Мухиќ“, кој воопшто не успева ни да се формира во полемички текст.

 

Најкусо речено: писмото на Најчевска претставува класичен полемички абортус! Штета! Не беше нужно Мирјана Најчевска вака да го компромитира сопствениот академски статус.Како прво, Најчевска покажува премногу нервоза за некој што верува во силата на своите „докази“. И со право; нејзините „докази“ само се аналогии, а како што е познато, аналогиите никогаш не докажуваат ништо. Како второ, иако нејзините аналогии немаат врска со основниот проблем, тие откриваат такво капитално незнаење, што е нужно нивното детаљно демонтирање, за нејзините студенти да не се поведат по заблудите на „универзитетскиот професор“ М.Н.

Во првата аналогија, Најчевска го напаѓа мојот став кој гласи: „Животот е пред правото!“ Овој став е толку очигледен што секој оној кој сериозно би се обидел да го побие оправдано би бил исвиркан на јавна сцена. И децата во градинка знаат дека животот е настанат пред секое право и пред сите закони и норми на луѓето, милиони години пред појавата на човечкиот род. Се чини дека тоа не го знае единствено Мирјана Најчевска.

„Аргументацијата“ на Најчевска, освен што обелоденува нејзина целосна некомпетентност, открива и кардинално непознавање на основните факти за објективната улога на човекот во живиот свет. Таа тврди дека „правото и правните норми донесени од човекот, го спасиле живиот свет на планетава, бидејќи ги штитат слабите и неспособните“(?). Просто да се чудиме како воопшто остана едно живо суштество пред ние да се појавиме на планетава за да го спасиме со нашите правни норми!? За „спасувањето“, доволно е да потсетиме дека само за 20 години човекот истребил над 60 милиони бизони! Да, потоа прогласил закони за нивна заштита - но за да ги спаси од себе.

Бладањата на Мирјана Најчевска продолжуваат со квазитезата дека „живиот свет самиот себе се уништува, затоа што природните закони биле најсурови закони, а во природата владеела само безмилосна борба за опстанок во која секое живо суштество е нечија храна“. И тука Најчевска тотално греши. Живиот свет е хармонична и самоодржлива целина (*селф састеинд еко систем), а секоја наша интервенција таа хармонична целина само ја загрозува! И уште нешто: гастрономската листа на луѓето вклучува неспоредливо повеќе животински видови и растенија од менито на сите месојадни и тревопасни суштества земени заедно. Само за Божик, и само во САД, се колат над 100 милиони мисирки! Единствено човек на своето „мени“ има буквално се': од полжави до китови, од алги до ајкули, од гулаби до кучиња! Тезата на Најчевска, која е наивен, крајно симплифициран плагијат на култната заблуда на Томас Хобс дека „Во природата владее војната на секој против сите“ (Bellum omnium contra omnes!), никогаш не била прифатена во природните науки, затоа што евидентно им противречи на сите објективни факти.

Факт 1. Познато е дека загрозеноста на сите видови растителен и животински свет доаѓа токму од човекот! Сите биолошки негативни процеси, од глобалното затоплување и загадувањето на планетата до директното уништување на цели видови животни и растенија, девастацијата на природниот амбиент и загрозувањето на животот, во целост се дело на човекот.

Факт 2. Целосна забрана на каква било човечка интервенција претставува проверено најдобар начин да се обнови девастираната животна средина и воспостави биолошкиот баланс во одреден биохабитат (подрачје уништено од човечката негрижа).Токму затоа, националните паркови се подрачја заштитени од нас, луѓето, а не од животните, кои, според небулозната импровизација на Најчевска, без нас, самите би се уништиле. Биосферата најдобро се регенерира кога се исклучува човечкото влијание!

Втората аналогија на Најчевска веќе е тотална катастрофа за нејзиниот залуден обид да го собори основниот аргумент на мојот текст. Имено, таа тврди дека (пак по аналогија!?) „... и исфрлањето на живите клетки наречени сперматозоиди или јајца претставува убиство“. Мирјана Најчевска заборава дека не се абортираат сперматозоидите, како што не се абортира ни јајцето! Се абортира живиот организам формиран со чудото на нивното креативно сплотување!

Сперматозоидите на човекот, како и јајцето, само се нужни, но не и доволни услови за формирање на идниот човек. Тие не само што не можат да создадат идно човечко суштество без да се сплотат, туку во многу случаи, дури и нивното спојување не доведува до зачнување дете. Феномените какви што се стерилитетот, овулацијата, репродуктивниот циклус, вирулентноста на сперматозоидите, (ин)компатибилноста на генетскиот материјал на партнерите и слично, се нештата кои се егзактно констатирани. Според аналогијата на Најчевска, испаѓа дека брачните и вонбрачните парови, кои од било која причина немаат деца иако имаат комплетни сексуални односи, со секој сексуален акт убиваат безбројно многу деца, затоа што притоа се исфрлаат сперматозоидите, иако јајцето останува неоплодено!?

Откако расчистивме со нејзиното незнаење, назад кон проблемот, заборавен од Најчевска! Несоборливиот аргумент, сосема едноставно, гласи: од мигот на зачнувањето, заживува идното човечко суштество! Секој абортус претставува уништување на една можност за раѓање човечко суштество! Што е абортусот? Прекинување бременост, за да се спречи раѓањето на дете! Ако развитокот на плодот би одел до својот природен исход (а тоа значи, ако тој процес не би се прекинал со абортусот), во сите случаи и без исклучок би довел до формирање и раѓање човечко бебе, односно човек! Ниту би се родила жирафа, ниту кенгур - и тоа е факт што е апсолутно несоборлив!

Секој човек неприкосновено одлучува за тоа дали ќе има деца! Никој, никаков закон и ниедна институција немаат легитимно право ниту да наредат ниту да забранат абортус! Тоа не е спорно! Се разбира дека постојат илјада сериозни мотиви за кои само родителите мериторно одлучуваат дали ќе дозволат зачнатото дете да се роди или не! Но, сериозноста на таа одлука, ниту во еден момент, не смее да се затскрива зад еуфемизмите со кои идното човечко суштество се деградира на куп клетки, на физиолошка аномалија која треба хируршки да се отстрани за мајката од него да се - „исчисти“!

Да не замижуваме пред вистината! Колку и да е суверена - и токму затоа! - одлуката за абортусот не е дреболија! Таа го става на тест она најдлабокото, најчовечното и најнечовечното во човекот! Секој од нас е свесен дека тоа е така! Ниту еден пар не застанал пред потешка и пострашна одлука од одлуката да го абортира своето дете! Ниту една жена не поминала низ поголема траума од онаа кога абортирала! Сите ризици од физиолошките, психолошките и длабоки емотивни оштетувања и промени од секое абортирање, со сите правни норми и дилеми топтан! - само се мачкина кашлица во споредба со тестот на совеста!

Секој возрасен човек е жив само затоа што имал среќа да не биде абортиран! Што бил гледан, пазен и сочуван од првиот до последниот ден на бременоста! Детето кое се родило по 9 (или помалку) месеци, поминало низ сите денови на мајчината бременост! Тоа јасно покажува дека секој ден, низ целиот период, без прекин се развивало истото човечко суштество! Етимологијата на зборот „абортус“ тоа лирски нагласено го потенцира. Основата е „оригин“ (ориго, орири), значи, „извор“, „почеток’, „исток“, „изгрев“. Префиксот „аб“ посочува кон прекинот на природниот процес: „избликот/секнување“; „зачнат/нероден“; „муграта/самракот“; „изгревот/згаснување“!

Судбината на неродените а зачнати деца во целост е во рацете на оние што самите не биле абортирани. Нивната највисока обврска е токму тоа да го имаат предвид во секој конкретен случај, пред целосно самостојно, слободно, но и со сета одговорност, да ја донесат својата одлука, за тоа дали ќе ги „секнат своите извори“, дали ќе ги „згаснат своите сонца“, дали своите зачнати деца ќе ги вбројат во неродените! Затоа, ако сепак се решите за абортирање, не барајте си лажно алиби, не повикувајте се на законот, не залажувајте се дека тоа што сте го направиле не е ништо страшно!


Ферид Мухиќ (Авторот е универзитетски професор)

Прочитано: 3317
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy