Ова е Габриел. Неговата мајка пробала да го абортира, но се случило нешто неверојатно |
Минатата година, Андреа Миничини отишла во болницата во Њу Џерси да абортира, знаејќи дека воопшто не сака да го проголта смртоносното апче во нејзината рака.
Лекарот ја советувал дека апчето е скапо и дека ќе се стопи ако таа не го земе наскоро. Истиот лекар, кој она го видела за прв пат, и ја повторил одлуката која веќе Андреа ја донела заедно со нејзиниот дечко- дека ова не било вистнско време за дете.
Го голтнала апчето и си заминала дома со второ, кое требало да го испие по 24 часа.
-Чекав 24 часа, а потоа отидов во собата за итни случаи, раскажува Андреја.
Таа очајно побарала да се најде начин за да го спаси своето бебе. Но, вработените во болницата и кажале дека нејзиното бебе ќе се роди со деформитет доколку го прекине абортусот.
Веднаш повикала двајца лекари, вклучувајќи го и нејзиниот матичен лекар, но ниту тие не можеле да и помогнат.
Почнала да крвари, а имала и мали грчеви. Иако мислела дека веќе е премногу доцна, едно случајно пребарување на Гугл ја довело до приказна за една жена од Калифорнија, кој имала дете по медицински абортус.
Дошла и до телефонскиот број на 24-часовна линија, а медицинската сестра ја поврзала со лекарот во Кларк, Њу Џерси, кој и дал инјекции за неутрализирање, а потоа го следел текот на целата нејзина бременост. Неверојатно, Габриел Давид е роден 31 декември 2014 година, два дена пред предвиденото време и тежел над 3,5 килограми.
Синот на Миничини е еден од 78-те бебиња родени после првиот абортус со апче, кој за прв пат бил изведен во 2007 година.
Секое дете е дар од Бога. Абортусот на бебето во вашиот стомак е исто како да го убивате детето кое веќе го имате дома.
Затоа, драги мајки, не ги убивајте своите деца и одберете живот, а Господ ќе се погрижи за се останато.
Прати коментар
Прочитано: 2554 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|