Центар Лидија—Срце што чука |
Псалм 139:16 Бог е создателот, авторот и Оној кој дава живот. Секое човечко создание , внатре во себе го носи допирот на живиот Бог. Оваа привилегија им е дадена само на луѓето. Не е ни чудо што сотоната, Божјиот непријател, го мрази животот.
Тој е крадец кој дојде само да украде, убие, уништи (Јован 10:10). Како уништувач на животот тој сигурно не ја охрабрува бременоста. Абортусот е пример за едно практично уништување на животот. Утробата на мајката стана најнесигурно место за животот, токму таму каде животот на човекот треба да биде негуван и заштитен. Абортусот има свои жртви и последици. Детето кое никогаш не ја здогледува светлината на денот и жената која ги сноси физичките, психичките и духовните последици, а многу често и самиот брак ја плаќа својата цена. Христијаните можат и треба да влијаат на овој свет така што ќе го подигнат својот глас во молитва пред Бога и ќе се застапуваат за неродените и за оние кои неможат да зборуваат за себе. Токму со ваква цел во Македонија е регистриран првиот Центар за советување и помош на жени кои се соочуваат со непланирана и несакана бременост “Лидија—Срце што чука“ Во рамките на Центарот “Лидија“ постои советувалиште и отворен телефон каде може да се побара помош и советување. - “Лидија„ се заложува за подигање на свеста кај луѓето за вредноста на животот и правото на бебето да биде родено. - Во својата програма, Центарот има предвидено едукативни предавања за тинејџери и млади луѓе во областа на превенција од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции, промовирајки воздржување од сексуални односи пред брак. - За жените кои поминуваат низ болно постабортивно искуство, предвидени се поединечни советувања и советувања во групи во кои со заеднички сили и со Божјата милост ќе се изоди патот на исцелението и ослободување од ова болно искуство. - “Лидија“ се застапува за животот на неродените, но и овозможува практична помош во храна, облека, памперси и друга помош на семејствата кои се одлучуваат да го задржат своето дете, но и на сиромашни семејства со повеќе деца.
Придружи се! И ти можеш да бидеш вклучен во оваа духовна борба, но и благородна мисија. Како? Застапувај се во молитва за неродените и моли се за работата на “Лидија“ Можеш да донираш бебешка облека, храна, памперси и други бебешки материјали (козметика, креветче, количка и др.) Бидејки “Лидија“ е непрофитабилна организација, ние се финансираме преку доброволни прилози - донирај! Доколку знаеш за жена која минува низ искуство на непланирана бременост или постабортивно искуство - контактирај не! Пријави се како волонтер. Користи ја секоја прилика да зборуваш со луѓето за негативните последици од абортусот. Не може да се биде пасивен. Молчењето во овој случај е одобрување. Ова е обврска на секој христијанин Приклучете се и на фан-страницата на „Лидија“: https://www.facebook.com/LidijaSrceStoCuka
Прати коментар
Прочитано: 2593 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|