ФОТО: Овие прекрасни бебиња се најдобрата порака против абортусот |
Овие прекрасни бебиња се најдобрата порака против абортусот. Зарем некој може да подржува и промовира абортус откако ќе ги види овие прекасни фотографии?! За жал секој ден бебињата се убиваат со илјадници абортуси.
Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус и бројот на родени деца речиси се изедначува со бројот на абортирани бебиња. Како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена.
Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот претста-вуваат основни причини за зголемена стапка на смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението и со изумирање на европските нации.
И Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно. Особено е застршувачки податокот за 2008 година кога на 30 илјади бебиња животот им беше прекинат со абортус. Истата таа година биле родени 22 945 бебиња.
Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен! Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот! Да ги спасиме животите на бебињата од абортус. Да ги заштитиме овие невини, најмали суштества кои не можат да го дигнат гласот за заштита на својот живот. Погледнете ги фотографиите и споделете ја оваа вест на Фејсбук.
Прати коментар
Прочитано: 1171 Коментари (0)
![]() Напишите коментар
|