Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Емисија со информации за абортусот

Неодамна, во популарната емисија „Стетоскоп“ на локална битолската Телевизија ТЕРА беше емитувана емисија посветена на абортусот, во која сеопфатно се обработува оваа тема од страна на неколку еминентни лекари.

Ви препорачуваме да ја погледнете емисијата, која што ве води низ статистиките, но и мерките кои треба да се преземат, со цел да не се загрози плодноста на жената, но и да не се уништуваат, туку што зачнатите животи.

 

ЛИНК ДО ВИДЕОТО:

http://www.tera.mk/index.php?option=com_hwdvideoshare&task=viewvideo&Itemid=104&video_id=440 

Прочитано: 3548
Коментари (1)Add Comment
0
...
напишал SARA , јануари 29, 2010
Iako seuste nesum majka nikogas ne bi go abortiral deteto zasto deteto e se vo zivotot na edna vistinska majka.pozdrav vo site majki da ne go pravat toa nikogas.

Напишите коментар
намали | зголеми

busy