Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Над милион луѓе на протест против абортусот во Шпанија
Неколку десетици центристичко - десничарски опозициски партии се придружија на демонстрацијата, која беше поддржана од римокатоличките бискупи. Социјалистичкиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро сака да воведе абортус по нарачка. Моментално, бременоста може да биде прекината во претежно католичката Шпанија само под одредени услови. Ова е најновото во низата етички прашања поради кои католиците се свртеа против владата, која го легализираше хомосексуалниот брак и го олесни разводот.
Полицијата процени дека во толпата имало 250.000 луѓе, но регионалната влада вели дека имало преку милион демонстранти, а организаторите дека имало два милиони.
‘Права и почит’

Саботниот марш, под наслов “Секој живот е важен”, собра заедно преку 40 религиски и цивилни граѓански групи.
Тие бараат владата да го повлече нацрт законот кој моментално се разгледува во парламентот, и кој ви го вовел абортусот по барање во првите 14 недели од бременоста.
Законот исто така би им дозволил на девојки на возраст од 16 и 17 години да абортираат без да знаат нивните родители.
“Новиов закон е варварски”, вели еден од простерите, Хозе Карлос Фелисидад, од јужниот град Алхесирас.

“Во оваа земја, животните се позаштитени од луѓето”, изјави тој за агенцијата АФП.

Досегашниот шпански закон, донесен во 1985, дозволува абортус во случај на силување, и кога има знаци на абнормалитети кај фетусот.
Шпанките можат да ја прекинат бременоста и ако е во опасност нивното физичко или ментално здравје. Во пракса, последната наведена категорија се користи како оправдување за огромно мнозинство од абортусите – кои во 2007 ги имало 112.000.

Владата вели дека новиот закон е за да има повеќе почит и права за жените, и дека на секоја што сака да ја прекине бременоста прво ќе &  бидат објаснети алтернативите, меѓу кои и државната помош за младите мајки.

Владата исто вели и дека нејзниот предлог ќе го направи абортусот побезбеден, така што ќе се погрижи процедурата да не се одвива по 22-рата недела на бременоста.

Стив Кингстон, репортер на Би-Би-Си од Мадрид вели дека во последниве години имало шокантни случаи во кои лекари извршиле абортуси на жени во осмиот месец на бременост, со оправдување дека постои закана по нивното ментално здравје.
За повеќе, КЛИКНИ ТУКА
Прочитано: 3009
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy