Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Подигнат споменик на жртвите на абортусот

Нов споменик осамна во хрватскиот град Карловац. Споменикот го финансираше јавното градско претпријатие „Зеленило“, кое се грижи за зелените површини и гробиштата. Споменикот не е подигнат некого да осуди, туку да потсетува на дечињата кои не добија шанса да станат наши сограѓани.

Идејата за споменикот - обележје за жртвите на абортус, дојде од Здружението за промовирање на вредностите и почитување на дарот на животот „Габриел“ и од Центарот за нероден живот „Бетлеем“.

Дозволата за поставување на споменикот ја издаде градот Карловац кој го донираше бетонскиот постамент.

Кипот од бел мермер на Исус милостливиот е висок 180 сантиметри, а тежи 500 килограми. Градските служби ја одработија целата административна процедура.

„Овој споменик им е посветен не само на абортираните деца, туку и на оние кои починале при спонтан абортус или непосредно по раѓањето“, изјави на отворањето свештеникот Марко Глоговиќ.

Според Глоговиќ споменикот намерно не е поставен во некој црковен двор, туку на гробишта затоа што така ќе им биде достапен само на одредени луѓе. „Сега, вели свештеникот, им е достапен на сите. Овде можат сите да дојдат, да се исплачат и да запалат свеќа“.

На откривањето на споменикот беше присутен градоначалникот на општина Карловац, која има околу 60.000 жители, односно големина како Струмица.

Подетални информации имате на следниве линкови од хрватските портали:

http://www.tportal.hr/vijesti/hrvatska/38243/Otkriven-spomenik-pobacenoj-djeci.html

http://www.tportal.hr/vijesti/hrvatska/29846/Karlovac-dobiva-spomenik-nerodenoj-djeci.html

http://www.klinfo.hr/detaljnije/hr/karlovac-podignut-spomenik-abortiranim-bebama/11/3910/1/
Прочитано: 3307
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy