Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Абортус
Постојат повеќе методи на абортус. Процедурата главно зависи од стадиумот на бременоста и величината на фетусот. Доктор Ј.Ц Вилке во својата книга "Абортус – Прашања и Одговори" ги дели методите на абортус во три главни категории:

-          Абортуси при кои се навлегува во матката и се убива плодот со инструменти

-          Абортуси со употреба на лекови и хемикалии за внатрешно уништување на плодот и притоа вадење со провокација

-          И абортуси при кои се навлегува во матката со абдоменална хируршка интервенција

Раширување на матката е потребно во некои методи на абортус. Вообичаен метод на раширување на матката е со вметнување на серија од инструменти кои се прилагодуваат на внатрешноста и за разлика од нормално породување кога матката се отвара полека и неколку часа, во овој случај тоа е предизвикано во рок од неколку секунди. Ова неприродно ширење може да резултира со трајни физички последици кај мајката.

Ламинариа (дехидриран материјал, обично на база на алги) се користи во медицината за редуцирање на оштетувањата на грлото на матката. Се поставува ден пред да се изврши процесот на абортирање , со цел да апсорбира вода и да ги намали отоците.

Eight-week pre-born baby

Во осмата до деветтата недела се формираат очните капаци и се појавува коса. Во деветтата и десеттата недела бебенцето го цица палчето прави промена на положбата, реагира на светлина со мижуркање, се намуртува, кашла и може да го мрда јазичето.

Во овој ран стадиум на развој, абортусот се врши со вшмукување а притоа се користат помали туби кои предизвикуваат мало ширење на грлото на матката.

Овој процес е наречен – менструален абортус. Но ако не се отстранат сите остатоци од фетусот, може да резултира со инфекции, кои бараат целосно проширување на грлото на матката и целосно чистење на матката.

ИШМУКУВАЊЕ

Suction Aspiration (click for larger image)

Ова е највообичаен начин на абортус во текот на првите 12 недели од бременост. Главно се врши при локална анестезија која и се дава на мајката и притоа отварањето на грлото на матката се одвива брзо. (инструмент – туба со рабови во вид на нож се вметнува во матката.)

Овој инструмент е поврзан со вакуум машина, која врши силно одлепување на фетусот и плацентата кои претходно се иситнети на мали парчиња. 

 

 

ПРОШИРУВАЊЕ И КИРЕТРАЖА

Овој метод е сличен на претходниот и притоа се вметнува кукаст нож кој го сече плодот на парчиња. Потоа парчињата се отстрануваат од матката.

ВО ДВАНАЕСТА НЕДЕЛА
12 Weeks

Кон крајот на третиот месец развиени се артериите вклучувајќи го срцето и останатите  крвни садови. Крвта циркулира низ овие садови до сите делови на телото.

Срцевите отчукувања на плодот достигнуваат 110 до 160 во минута. Произведени се крвните клетки и белите крвни клетки во лимфните јазли кои се важни за имунитетот.

Формирани се гласните жици и бебето може да произведува тивки звуци на плачење. Мозокот е формиран во целост и бебето може да чувствува болка. Го цица палчето. Очните капаци ги покриваат очите до седмиот месец за да ги заштитат чувствителните очни нерви.

14 недела – Се издолжуваат мускулите и добиваат форма. Наскоро мајката ќе почне да ги чувствува првите благи движења на бебето во матката.

15 недела – Бебето ги формира жлездите за вкус и може да ги вкуси оброците кои ги прима мајката.

 

ВО ОСУМНАЕСТА НЕДЕЛАEighteen week pre-born baby

Бебето е големо околу 14 см. Може да трепка да притиска и да ја отвара устата. Расте коса на главата и по телото.

20 недела – Бебето може да го чуе и препознае мајчиниот глас. Почнува брзо да се развива и да расте. Се појавуваат ноктите и и се формираат отисоците на прстите. Се гледаат половите органи. Со помош на ултразвук, докторот може во овој период да и соопшти на мајката дали бебето е момче или девојче.

 

ПРОШИРУВАЊЕ И ИЗВЛЕКУВАЊЕ 

Овој метод се користи до18 гестациска недела на бременоста.

Се вметнува инструмент во вид на нож со кој се распарчува бебето на парчиња и притоа тој процес се повторува се додека не бидат целосно уништени коските и черепот до степен до кој може да се извлечат.

 

ТРУЕЊЕ СО СОЛНА ИНЈЕКЦИЈА 

Saline Injection (click for larger image)

Се користи по 16 недела (четврти месец), кога е насобрана доволно течност. Солите се вбризгуваат преку инјекцијата во мајчиниот стомак во бешиката на бебчето. Бебето ја голта отровната течност и се труе. Бебето умира за околу еден час. Мајката го раѓа мртвото бебе или бебето кое умира. ( Постојат случаи во кои и при процесот на вакво труење, бебето се раѓа живо, па се остава да умре, но постојат и случаи во кои бебето преживува...многу вакви преживеани бебиња подоцна се дадени на посвојување.)

ВО ШЕСТИОТ МЕСЕЦ
Six month pre-born baby

Во шестиот месец од бременоста телото на бебето е покриено се речиси невидливи вланкненца – наречени лануго, како и кај секој човек. Кожичката му е заштитена со супстанција наречена верникс. Некоја од овие супстанции може да биде сеуште на кожата на бебето и кога ќе се роди. Абортирањето се извршува со инхалација на течен амонијак во белите дробови на бебето кои се развиваат.

 

 

 

 ПРОСТАГЛАНДИН ХЕМИСКИ АБОРТУС 

Prostaglandin Abortion (click for larger image)

При оваа форма на абортус се предизвикуваат интензивни контракции на матката, кои го истискуваат бебето кон надвор. Овој вид на контракции се многу посилни ов вообичаените природни контракции и при тој силен притисок бебето умира, во некои случаеви се откинува и главчето. Но при овој тип на абортус како и при некои од останатите се раѓаат преживеани бебиња.

ХИСТЕРОТОМИЈА ИЛИ ЦЕЗАРИЈА (ЦАРСКИ РЕЗ)

Овој метод на абортирање се користи главно во последните три месеци од бременоста, се извршува со навлегување на матката со хируршка интервенција преку ѕидот на абдоменот. Овој метод е сличен на Царскиот рез на породување, освен тоа што папочната врвка се сече додека бебето е сеуште во матката, со тоа му се скратува доливот на кислорот и притоа бебето се загушува.Понекогаш бебето се вади сеуште живо, но се остава да умре. 

ВО ТРИЕСЕТТА НЕДЕЛА
Eight month pre-born baby

Неколку месеци единствената животна врска со мајката и бебето е папочната врвка. Бебето се храни од крвта на мајката преку плацентата до папочната врвка за да стата до бебето. Доколку мајката прими отрови како дроги или алкохол, бебето ги прима исто така.

32 недела – Бебето спие 90-95% од денот, а некогаш дури може и да се појави некој вид индикација на сонување. 

 

 

ДЕЛУМНО ПОРОДУВАЊЕ – АБОРТУС

 

Постојат пет чекори за изведување на абортусот – делумно породување.

Оној кој го извршува абортирањето, го извлекува бебето за нозете со клешти.

Нозете на бебето се извлекуваат преку породилниот канал

Бебето се извлекува и се прифаќа за главата.

Оној кој го врши абортирањето става ножици во главата на бебето и ги отвара со што се шири черепот. Со помош на катетар се отстранува мозокот со што бебето умира. Потоа се отстранува телото. 

 

ВО ЧЕТИРИЕСТА НЕДЕЛА
Newborn babyБебето, кое е сега со нормална должина и тежине може да преживее и надвор од матката на мајката.При пресекување на папочната врвка во моментот пред бебето да го заме првиот воздух се менува срцевата и артериска структура и целата крв поминува низ белите дробови.
Прочитано: 6362
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy