Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Реакција
“Ревита“ не прави разлика помеѓу регистрирани и нерегистрирани абортуси. Податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита се однесуваат само на 6.000 РЕГИСТРИРАНИ абортуси. Во нивните бројки и статистики ги НЕМА нерегистрираните абортуси, кои се 3 до 4 пати побројни. Реалната бројка е дека во Македонија има околу 25 – 30.000 абортуси годишно.

Не ни е важно дали некоја жена абортирала во државна или приватна клиника. Нам ни е важно да ги едуцираме за последиците за нивното здравје и животот на бебето. Ние сакаме да зборуваме за здравјето на жената и животот на нероденото дете, а не за бројките, но ајде.


Вие мислите дека секој абортус е регистриран? Дека нема ниту една жена која абортира во друг град? Дека илјадници жени абортираат после работното време? Дека интервенциите ги заведуваат со еуфемизмот „хируршка интервенција со локална анестезија“, „киретажа“ или „гинеколошки преглед“? Дека насилниот (докторски) абортус се заведува како патолошки (спонтан) абортус? За жал, илијадници абортуси не се заведуваат во медицинските книги, ниту се водат во архивите, сметководството, книгите... Во клиниките се договараат „итни“ доаѓања за време на дежурство, па лажно се заведуваат како „спонтан абортус“.


Разговарајте со било кој гинеколог во помал град кој си ги знае пациентките. Ќе добиете одговор дека секоја година има исто абортуси колку што има раѓања. Проблемот е што нерегистрираните абортуси се вршат во 100 – 150 приватни ординации. Добар дел од нив ги немаат потребните услови за абортуси, немаат дозвола, немаат реанимационо одделение. Таму не ги регистрираат абортусите, но тоа не значи дека не се случиле. Милам дека тоа би била добра тема за истражувачкото новинарство.


Ако сеуште верувате дека секој абортус е регистриран - дали верувате  дека секој нарко - зависник е регистриран? Колку млади луѓе знаете кои користат наркотици и други психотропни супстанци, а сепак не се регистрирани? Дали секој чин на семејно насилство е регистриран?


Ако сеуште верувате дека секој абортус е регистриран - дали верувате дека секој ХИВ-позитивен и заболен од СИДА е регистриран?


1. Бројот на регистрирани зависници од дрога е 8.000, но вистинската бројка е 30 - 38.000. Околу 50.000 наши сограѓани имаат проблеми со алкохолот. Дали сите тие се регистрирани?


2. Бројот на регистрирани ХИВ - позитивни и заболени лица од СИДА е 110, а на секој еден регистриран има 4 нерегистрирани. Методологијата на СЗО вели дека реалниот број на заболени е од 400 - 500


Е, сега прашајте се уште еднаш дали е  „Ревита“ со лажни податоци за бројот на абортуси? Болната вистина е дека во Македонија секоја година има повеќе чедоморства, одошто раѓања. Но, независно од тоа која е бројката на абортуси, ние ќе бидеме пресреќни доколку влијаеме макар и една жена да не абортира. Наша најголема радост ќе биде доколку тоа дете се роди и живее, а не да заврши во медицински отпад заедно со шприцови, гази, лекови, болничка храна, валкани ракавици…

 

“Абортуси има исто колку и раѓања“

(http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FB280503CA796A4AB3592D6A2DFB194B)

“Во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси“

(http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=948&ArticleID=62705)

“Во Македонија годишно се раѓаат толку деца колку и што се абортираат“

(www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=192&ArticleID)

 “Никој не знае колку Македонки абортираат“

 (http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157465&idg=8&idb=2483&rubrika=Makedonija)

 

Абортуси и во втора смена -Расте брјот на абортуси – Според неофицијалните броји, во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси

(http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=948&ArticleID=62705)

“Македонија годишно абортира едно гратче“

(http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1540&ArticleID=101410)

 

Ова се само дел од насловите кои осамнуваа во дневните весници изминативе години. Овие наслови не’ потресуваа неколку минути и се завршуваше тука. Бројот на абортуси на кој укажуваваа новинарите и експертите, тогаш беше фрапантен и вистинит - а денес, повторно истите новинари, пишуваат дека бројот не е вистинит. Истата вест и бројка еднаш по потреба е шокантна, а следниот пат се релативизира и минимизира.

 

Сите си го поставувавме прашањето дали бројките се вистинити. Се плашивме да си признаеме бидејќи е болна вистината. Бидејќи во тие 25.000 до 30.000 илјади “несудени“ мајки сигурно има наши пријателки, мајки, ќерки, сестри, сосетки..

 

Бидејќи во тие 25.000 до 30.000 неродени бебиња сигурно имало наши внучиња или деца.

 

Да, бројот е фрапантен, бројот е застрашувачки. Но, за жал тој број е реален.

 

“Ревита“ е здружение на 50-тина загрижени Битолчанки, жени, домаќинки, мајки, ќерки, пријателки, сосетки...

 

Мајки кои одгледавме деца кои ни направија  веб страна по светски терк (www.abortusNE.org.mk).

 

Собираме сопствена членарина и сопствена облека со која им помагаме на сиромашните семејства, на домот за деца без родители, на сите кои им е потребна, а ние можеме толку.

 

Едукацијата за последиците од аборусот е само сегмент од активностите на здружението за здрав живот, здраво тело и заштита на животот.

 

За крај, ги повикувам сите истомисленички да ни се придружат и да си помогнеме самите на себе. Веќе ни се приклучуваат жени од Скопје, Прилеп, Штип...

 

Нема ниту една жена што го родила своето чедо, а подоцна да се покајала за тоа. Секоја жена е среќна што подарила живот. Но, има илијадници и милиони жени кои абортирале и жалат поради тоа. Подоцна секој ден се прашуваат како ќе изгледаше детето ако го роделе. Затоа, ние сметаме дека треба да го заштитиме правото на живот на неродените деца.

 

 

Благица Пеповска,

Претседател на женската НВО „Ревита“ и уредник на веб страницата www.abortusNE.org.mk

Прочитано: 3296
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy