Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Секоја трета бременост, абортус

Абортусот е најпопуларна метода за прекин на несакана бременост меѓу Македонките. Наместо да побараат контрацептивни средства или на друг начин да се заштитат од непланирана бременост, девојките и жените во земјава забременуваат, па потоа бараат начин да ја сменат таквата состојба.

Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита покажуваат дека во 2005 година се регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања. Бројката за прекини на бременост минатата година е речиси приближна, но точните статистики се уште не се готови. Од РЗЗЗ велат дека во 2005 година во советувалиштата за планирање на семејство се издадени вкупно 12.286 контрацептивни средства, од кои 56 отсто се за орална контрацепција, а 28 проценти се други локални средства.

Она што загрижува е дека само 9,9 отсто од вкупно регистрираните први посети на гинеколог се од девојчиња на возраст до 19 години. Тоа значи дека жените над оваа возраст на гинеколог одат дури кога ќе имаат некаков проблем или дури откако ќе забременат.

Некористењето на услугите за планирање на семејството во рамките на диспанзерите за жени на адолесцентната популација укажува на фактот дека за оваа популација ваквите сервиси се недоволно атрактивни или несоодветни за користење.

Во 2005 година, објаснуваат од РЗЗЗ, стапката на смртност на мајки - родилки изнесува 13,3 на 100.000 живородени.

Во Македонија годишно се извршуваат околу 30.000 абортуси. Точната бројка, велат лекарите, не се знае, зашто само една третина од нив се вршат во легални медицински установи. Особено се алармантни бројките на абортуси во внатрешноста на земјава. Статистичарите предупредуваат дека ако продолжи таквиот тренд, за 10 години дури 90 отсто од жените ќе имаат сериозни здравствени проблеми како последица на абортусот.

Јавна тајна е дека најголем број од девојките, сакајќи да ја скријат својата несакана бременост, одат во приватни и нерегистрирани амбуланти. Во нив операциите на „чистење“ најчесто ги вршат нестручни лица и можни се компликации. Не се ретки случаите што завршуваат фатално или, во подобрата варијанта, животот на пациентката се спасува со нејзино итно префрлање во медицинска установа.

Една од нив е и 15-годишната скопјанка С.Н., чиј живот е спасен во последен момент, во една од болниците во внатрешноста на земјава. Инсистирајќи на анонимноста, таа ни потврди дека во една приватна гинеколошка ординација во помало гратче во Македонија, постар маж и зел 300 евра за абортирање фетус стар два месеца, но поради преголемо крвавење, таа во последен момент успеала по мобилен телефон да ги повика своите родители и итно била пренесена во јавна гинеколошка установа. Животот и е спасен, но останале последиците: траен стерилитет, неизлечиви лузни на душата и претежок товар за девојче, кое тукушто се запишало прва година во средно училиште.

Од Клиниката за гинекологија во Скопје потврдуваат дека во последниве десетина години рапидно расте бројот на абортуси меѓу девојките од 14 до 18 години. Прагот на старосната граница на девојките што се решаваат на вакво нешто е особено спуштен во последниве неколку години и се почести се пациентките на возраст меѓу 14 и 16 години.

Во Центарот за хумана репродукција потврдуваат дека се намалува општата бројка на извршени абортуси, но наспроти тоа, расте процентот на млади девојки под 18 години што се решаваат на овој чекор. За половина година на Клиниката за гинекологија абортирале повеќе од 300 жени, од кои една третина се помлади од 18 години, а другите се меѓу 30 и 35 години.

- Бременоста се пресметува во недели и оваа операција е дозволена до десеттата недела. Пациентките со наполнети 16 години потпишуваат изјава дека самите сакаат да ја прекинат бременоста, но мора да донесат и согласност од нивните родители. Во последните две години е се поголем бројот на адолесцентки кои се решаваат насилно да ја прекинат бременоста - вели Слободан Здравевски, приватен гинеколог од Скопје. Причина за тоа, според него, се незрелите години, неподготвеноста за брак, за породување и за одгледување на детето. Голем број од нив се уште се ученички во основно или во средно образование. Од Центарот велат дека во сите здравствени установи каде што законски е дозволено да се изведуваат операции за прекин на бременоста се води точна евиденција за операции за прекин на бременоста. Но, во приватните и во нелегалните ординации не постои таква евиденција, зашто пациентките инсистираат на дискреција и на анонимност.

Законот дозволува абортуси само до 10-та недела на бременоста, а од 10-та до 13-та недела абортусот треба да го одбори комисија од интернисти, социолози и гинеколози. За по 13-та недела, жената мора да има силни аргументи, а за тоа решава комисија од втор степен. По овој период абортусот е забранет и се смета за злосторство.

Лекарите, пак, што вршат абортус во немедицинска установа се соочуваат со затворска казна од шест месеци до три години. Сепак, во практиката во подем е бројот на жени што абортираат во приватните гинеколошки ординации, не мислејќи на своето здравје, туку на забелешките на соседите. Бројките на абортуси во помалите гратчиња во земјава се особено алармантни, како и последиците од нестручно изведен абортус.

Тетовските лекари прават три абортуси дневно.

Во Здравствениот дом во Тетово велат дека пораснал бројот на абортуси во последниве три години. Официјално има 391 спонтан и 3.394 клинички абортуси.

- Во нашата болница дневно се прават по три абортуси. Просечната возраст на жените што абортираат е од 25 до 30 години, а многу ретки се помладите од 25 години. На овој чекор, најчесто се решаваат млади мајки што не го имаат решено брачниот статус и абортираат во приватни куќи со примитивни методи, и во приватни ординации - вели Абаз Алили, шеф на гинекологијата во Тетово.

Тој предупредува дека опасностите од нестручно изведен прекин на бременоста се големи и дека тие можат да бидат фатални за младите девојки, зашто лесно може да дојде до траен стерилитет, особено по првиот абортус.- Нашата гинекологија има многу добри услови и може да се спореди со европските болници. Сакам да ги потсетам младите девојки дека постојат контрацептивни средства за спречување на несаканата бременост - вели Алили.

Прочитано: 4171
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy