Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Статистика

Абортуси има исто колку и раѓања

Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси.

Во Македонија само два отсто од женската популацијата употребува таблетите за контрацепција како метода за заштита од несакана бременост. Овој процент е толку низок со што Македонија, во споредба со земјите во регионот, е на последно место според тоа колку е застапена оралната контрацепција. Повеќе таблети за заштита од бременост користат жените во Албанија и тоа околу 3,5 отсто, потоа Србија и Црна Гора со 2,8 отсто и Украина со 2,1 отсто. Оралната контрацепција во Турција е застапена со 8 отсто, Хрватска со 9 отсто, а во Словенија овој процент се искачува на 23 отсто.Овие фрапантни податоци вчера ги изнесе претседателот на Здружението на гинеколозите, д-р Славејко Сапунов, по повод 26 Септември, кој првпат се одбележува како Светски ден на контрацепција, под мотото „Живеј го својот живот, пред да започнеш друг“. Тој посочи дека во нашава земја како заштита при сексот повеќе се практикуваат кондоми и тоа 14 отсто и спирали кај жените. Тој укажа дека од 210 милиони бремености годишно во светот, 17 милиони завршуваат со абортуси.Поради тоа не зачудуваат ни сознанијата дека бројот на раѓањата во земјата се доближува до бројот на абортусите. Во Скопје овие два параметра -раѓањата и абортусите - се речиси изедначени, потенцира д-р Мирослав Темелковски, претседател на приватните гинеколози, кој, сепак, немаше податок колку од абортусите се прават на црно во приватните ординации.Според официјалните податоци на Републичкиот завод за здравствена заштита, во 2005 година во земјава се регистрирани 6.436 абортуси, извршени во здравствените установи што имаат дозвола за вакви интервенции. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многупоголема.

Прочитано: 4194
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy