Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Убивање на беспомошните

Секаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет.

Околу нас се случува војна, непрестана и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џелати и нивни жртви. Оваа војна го има зафатено целиот свет, но со посебен интензитет земјите кои се гордеат со својата цивилизација, култура и прогресс. Оваа војна е нечовечна, систематска кланица, геноцид без преседан и аналогија во историјата на целото човештво; тоа е војна на родителите против сопствените деца. Тоа е војна во која се пролеваат реки на крв, каде што убиството е соединето со мачењето. Тоа е кланица, која секоја година носи повеќе десетици милиони жртви со лицемерие својствено на современиот човек, затоа што не се нарекува со своето име - убивање на невините  и беспомошните, со садизмот на џелатите во концентрационите логори, легализирани со правото на убиство и злосторство, туку е сокриен и маскиран со магловитиот и безобразно лицемерниот термин- абортус, т.е. исфрлање надвор, како да се работи за непотребни партали кои од куќата се исфрлаат на ѓубриште, а не за живо битие, за дете.

Во нашата земја се извршени 7-9 милиони абортуси, и тоа е само во регистрираните медицински установи. Бројот на тајните абортуси воопшто не се евидентира. Најголем број жртви однесе Втората светска војна, но истовремено деца кои се убиени од родителите, се многу повеќе  отколку војници кои загинале на фронтот. Оваа мрачна страна во животот на современото човештво најдобро покажува дека цивилизацијата се претворила во ескалација на суровоста. Ние слушаме повици за мир, но околу нас не само што не престанува, туку уште повеќе се засилува крвавата пресметка која по бројот на своите жртви ја надмина наездата на Хуните и Монголите, злосторствата на Тамерлан и Шах-Абас, а по суровоста-тиранините и џелатите во концентрационите логори и мачилишта. Жртви на оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно. Со овој престап не се поништува само Боженственото, туку и човечкото право.

Од самиот момент на зачнувањето се создава жив организам, кој го носи во себе генетскиот код и целиот потенцијал на човечката личност. Експериментално се докажани сложени сврсисходни реакции на плодот на средината која го опкружува. Ова е битие кое чувствува болка, кое има желба за живот и, што за христијанинот е главно- битие кое поседува бесмртна човечка душа, чие што несовршенство се состои во тоа што телото, нејзиниот инструмент, сеуштен не е формирано. Но, ако се смета за оправдано убиството на човек поради неговата несовршена телесна организација тогаш со поголемо право би било можно да се убиваат старите и болни луѓе и.т.н.

Значи, легализацијата на абортусот ги оповргнува сите морални и правни кодекси чија што основа представува заштита на човечката личност. Нашето прво барање е плодот како човечка личност да се заштити, плодот како човечка личност не смее да биде уништен. Во принцип разлика помеѓу убиство на плодот и други видови на убиства не постои. Достапност или неказнивост на абортусот им ѓи дава на родителите правата на тиранин кои не птипаѓаат на ниту еден човек, тиранин кој по своја воља може да иг остави во живот или да ги убие своите поданици. Неказнување на абортусот, одсуството на морална и правна заштита на плодот и гаранција за неговиот живот ги чинат лицемерни и бесмислени сите декларации за заштитата на достоинството и слободата на човекот.

Убиството на беспомошниот е најподол и најодвратен облик на убиство, поради тоа луѓето кои се одлучиле на убиство на беспомошното дете можат во одредени околности да направат и било какво друго злосторство. Девизата на древните судии гласела: подобро да оправдаш десет виновници отколку да казниш еден невин, а тука невиниот се казнуваа со смрт и тоа со таква смрт на која само истенчен садист како Нерон или Калигула би можел единствено да подвгне - тоа живо се кине на парчиња.

Порано со џелатот луѓето не се ракувале, ниту седеле со него на иста маса, а на современите џелати-родителите, кои ги убиваат своите деца, и на лекарите-професионални убијци, јавното мнение не им изрекува казна. Значи дека целото друштво учествува во убиствата. На совеста на многу познати бандити како што е Џек Мевосек се десетина човечки животи,-а гангстерите во бели мантили имаат на совеста стотици и илјадници. Кога би биле фрлени во јама полна со крв од децата кои што ги имаат испоубиено тие би се удавиле во неа. А должност на лекарот е да помага дури и на непријателот, а денес тој станува платен убиец. Заради тоа повикуваме лекарите кои вршат абортуси да се прогласат за злосторници против човештвото и непријатели на својот народ. Убиство на бебе е престап против Боженственото и човеково право, против идејата за семејство и брак, против семето на човечката природа, против сопствениот народ и целото човештво. Убиство на децата е концентрација на егоизам, суровост, кукавичлук и лицемерие...

 

Прочитано: 2453
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy