Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Секои 30 секунди во ЕУ се извршува по еден абортус

Се наведува во заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на Европската унија – Еуростат и Европската комисија.

Преточено во цифри, секоја шеста бременост, односно 17.2 проценти од бремените жени во ЕУ абортираат, пишува шпанскиот неделник Епоха (Epoca).Земја со најмногу извршени абортуси е Франција (вкупно 208,759), а потоа следат Велика Британија (195.483), Италија (133.000), Германија (128.030) и Шпанија (79.780).
Дури три четвртини од абортирањата во ЕУ се направени во овие пет земји.

Со оглед на тоа, се споменува во извештајот, Европа стана „стариот континент“, бидејќи во неа секоја шеста личност е постара од 65 години.

Шпанскиот институт за семејство соопшти дека во последните десет години во таа земја е значително зголемен бројот на извршени абортуси, дури 75 посто. И Белгија (со 50 посто) и Холандија (раст од 45 посто) ги имаат истите проблеми.

Претставничката од институтот, Лола Веларде, изјави дека абортусите, заедно со канцерот претставуваат основна причина за зголемената стапка на смртност во Европа. Понатаму додаде дека во последните години во Унијата се изгубени 20 милиони животи, а и дека бројот на постарите од 65 години се искачил на 17 милиони, што довело до нерамнотежа воопштествената пирамида.

Најголемиот пад во бројот на младите е забележан во Шпанија (44 посто), Португалија (40 посто) и Италија (37 посто).

Прочитано: 2599
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy