Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Студија објавена во Париз

Секоја петта бременост во светот завршува со абортус, а половина од тие абортуси се спроведуваат во опасни услови, соопштија светските научници во студијата објавена во Париз.

Процентот е дека во 2003 година имало до 205 милиони бремености, од кои што 20% биле прекинати со абортус, се наведува во студијата и додаваат дека половина од бременостите во источна Европа завршуваат со прекин.

 Според добиените податоците и студии, бројот на абортуси на светско ниво се намалил во периодот од 1995 до 2003 година од 46 на 42 милиони бремености.

 Опасните абортуси, што ги спроведуваат луѓето кои не се доволно стручни за таа работа, е една од главните причини за смрт на жените во плодниот период од нивниот живот.

Во развиените земји, абортусите се спроведуваат во задоволителни услови, додека во земјите во развој тие услови се опасни во 55% од случаите на прекинување на бременоста.

Прочитано: 2494
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy