Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Дали државата треба да го легализира овој процес

Дали државата треба да го легализира овој процес (абортусот е легален во многу земји во Европа и светот меѓу кои и Македонија) или пак, да го забрани со закон?

Мислењата се поделени. Некои сметаат дека со абортусот некој си зема за право да одлучува за туѓ живот, дека тоа е криминално и крајно неетичко дело кое се коси со сите морални и религиозни вредности.

 

Абортус - контроверзна тема во Македонија

 

Една од најжешките теми во концептуалните дебати меѓу конзервативизмот и либерализмот е и абортусот.

Кој има право да одлучува за прекинување на животот во зачеток? Но и кој има право да влијае врз слободната волја на човекот.

Во почетокот на 2007 Скопје беше преплавено со плакати, со визуелни и текстуални пораки „Абортусот е убиство".

Креаторите на оваа кампања не го открија својот идентитет, но ја разбрануваа јавноста.

Кога има пароли во кои се вика дека абортусот е убиство, тогаш дирекно се посочува со прст кон жената како единствен можен убиец бидејќи само таа може да абортира.

 

Психолог Билјана Кочоска вели:

-„Треба жените повеќе да се едуцираат и доколку не сакаат деца да користат контрацептивни средства. Мојот став е дека сепак се работи за некаков прекин на живот. Доколку правото на абортус го ставиме како човеково право тоа ќе биде во конфликт со други права."

Игор Калпаковски, свештеник во МПЦ кој го брани ставот на црквата дека секој живот започнува со божја промисла вели:

-„Во православната црква го третираме абортусот како грев. Се разбира не секој абортус, бидејќи има вонматерични бремености и бремености кои не можат да се реализираат."

Прочитано: 3170
Коментари (0)Add Comment

Напишите коментар
намали | зголеми

busy