Застрашувачка фотографија, на која се гледа телото на абортирано бебе во 9-тиот месец од бременоста, потопено во кофа со вода, изминатиове неколку недели кружи низ светските интернет портали.
Фотографијата, на која се гледаат глава и рака на детенцето и една голема црвена кофа на подот, беше објавен на кинескиот веб сервис на компанијата Baidu, а пред тоа, неколку недели кружеше на Weibo, кинеска верзија на Твитер, која има над 260 милиони корисници.
 Очигледно, бебето е жртва на политиката на земјата за едно дете. Абортусот се чини дека се случил на 26 март, бидејќи семејството било прогонувано од страна на полицијата во градот Moshan, поради тоа што двојката веќе има едно дете.Објавената фотографија предизвика лавина реакции од страна на многу невладини организации кои се борат за правата на жените, организации за заштита на правото на живот, како и здруженијата кои се противат на политиката за едно дете во Кина.
Во знак на протест, активистите за заштита на правата на неродените формираа и фан-страница на Faceebook, која можете да ја видите доколку кликнете ТУКА.
|