Од сите благодетни дарови со кои Бог го дарувал човекот, највозишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсвето, најблаг-опријатно,  Најскапоцено и најрадосно чувство, без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот.

 

Највозвишениот облик на љубов, достоен за секоја пофалба и почит е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство со кое Бог го благословил секое суштество на земјата. Неинформираноста за сексу-алното и репродуктивното здравје е главна причина за донесување на одлука за абортус. Одлуката да се абортира е тешка, и самата по себе носи штетни последици, затоа државата треба да ја превземе одговорноста за запознавање на бремените жени со оследиците од абортусот. Како последици од абортусот се јавуваат траен стерилитет, Rh - сензи-билизација, трајно отстра-нување на матката, а многу често доаѓа и до смрт на бремената жена. 

        Во светот годишно абортираат по околу 42 милиони жени, односно секоја пета бременост завршува со абортус, а како последица на илегалните абортуси секоја седма минута умира по една жена. Според заедничкиот извештај на Канцеларијата за статистика на  Европската унија- Евростат и Европската Комисија, на секои 30 секунди во Европа се врши по еден абортус. Канцерот и абортусот  ретста-вуваат основни причини за зголемена стапка на  смртност во Европа. Намалувањето на бројот на живородени во Европа доведува до стареење на населението, а со тоа и до нерамнотежа во опшествената пирамида.

 

        Во Македонија бројот на абортуси е речиси ист со бројот на родени. Жртви во оваа невидлива војна има повеќе од сите убиства и погубувања заедно.  Смртоносни дела, носат смртоносни последици! Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина! Иднината на нашето општество стануваат гробиштата, а останките безлична прашина! Плодот како човечка личност треба да се заштити! Плодот како човечка личност не смее да биде уништитен!  Отсуство на морална и правна заштита на плодот и гаранција на неговиот живот ги прави бесмислени сите декларации за заштита на животот!

 

Медицински последици од абортусот
Инфекции - и покрај користењето на стерилни инструменти и задолжително примање на антибиотици после извршениот зафат, инфекцијата претставува најчеста компликација на абортусот. Значи инфекции се висока температура, болки во стомакот и појава на непријатен мирис на вагиналниот секрет. Ако не се излечи,инфекцијата може да предизвика озбилни заболувања, стерилитет, сепса и смрт.
 
Вистината за абортусот во Македонија
Почитувани читатели, ова е видео за Вистината за абортусот во Македонија.

Ги замолуваме сите поддржувачи на правото на живот, да го постираат овој линк на своите профили, веб-страници, блогови, да го препратат на свои пријатели по е-маил...
Целта е што повеќе луѓе да дознаат за ВИСТИНАТА ЗА АБОРТУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Колку повеќе луѓето знаат за абортусот, толку помалку ќе има абортуси. Помалку абортуси, значи повеќе спасени бебиња.
Пренесете ја пораката и видеото. Спасете го животот на некое неродено бебе.

Со почит, www.abortusNE.org.mk
 
 
„Ако абортусот е заради правата на жените, каде беа тогаш моите права додека ме абортираа?“

 

 

 

Ова се снимки од говорот на Џиана Џесен, која на неверојатен начин има преживеано абортус! Говорот е снимен во парламентот на Викторија (Австралија), во пресрет на расправата за декриминализација на абортусот во Викторија.

 

Џиана Џесен денес патува низ светот и јавно говори против абортусот, преку споделување на нејзината лична приказна. Џиана има церебрална парализа, како резултат на солен раствор, што се користи за време абортусот, а откако таа била родена жива, лекарите предвидувале дека никогаш нема да може да оди. Денес, таа, со божја помош, се чувствува силна да трча и маратони .

 

Таа често знае да каже: „Ако абортусот е заради правата на жените, каде беа тогаш моите права додека ме абортираа?“

 

За повеќе, посетете ја официјалната страница на Џиана: giannajessen.com

 

 
Абортусот, последиците и жртвите

Накратко, какви се последиците од абортусот и како тие се одразуваат врз жената. Корисни информации за оние кои се пред тој предизвик, но и за оние кои веќе тоа го направиле. Било какви расправи за некои морални норми се бесполезни ако претходно не се утврдат последиците. Абортусот како убиство има свои жртви и негативни последици.

На прво место тоа се неродените деца кои не успеваат дa го видат светлото на денот. Американскиот гинеколог Бернард Натансон, со ултразвук го снимил однесувањето на плод стар 12 недели, за време на овој грозоморен чин. На филмот се гледаат панични движења на детето кое се обидува да си го спаси својот живот, но не успева. На крајот неговата уста се развлекува, како при најголемо мачење. Овој филм со причина е наречен „Нем крик“. Остануваат да лебдат во воздух неколку прашања на кое сите ние добро го знаеме одговорот. Дали тоа дете сакало да живее? Кој има право да му го одземе животот?

Освен нероденото бебенце, ж
ената е исто така жртва на абортусот. На неа и се случуваат и физички и психички последици, непријатности и опасности. Најчесто абортусот само привидно поминува без последици по здравјето на жената.
(Текстот продолжува на: Прочитај повеќе)

 
Три деца за добро здравје
Децата се добри за вашето здравје се додека не претерате со бројката, тврдат научниците.

Истражувањето во кое учествувале повеќе од 1,5 милиони жени и мажи открило дека родителството има непобитно дејство врз здравјето на родителите, бидејќи го намалува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања, алкохолизам и шансите за загинување во сообраќајна несреќа. Но оваа врска помеѓу децата и здравјето зависи и од нивниот број.

Исто така, друго недамнешно истражување спроведено во Британија покажало дека најсреќни двојки се оние кои имаат три деца.
 
Најмалото бебе на светот

Иако се смета дека децата родени пред 32 недела од зачнувањето, тешко преживуваат, не секогаш е така. Пример е детето кое е родено во 25-та недела, тешко само 275 грама и убаво напредува.

Машко дете кое при раѓањето било тешко само 275 грама, званично е најмало преживеано бебе, јави „Мондо“. Бебето е родено во Гетинген, Германија и е прв забележан случај на бебе полесно од 350 грама кое преживеало и убаво напредува.

 
Над 100.000 посетители на AbortusNE.org.mk

 Почитувани читатели,

Ја поминавме магичната бројка од 100.000 посетители за помалку од  една година. Веќе сме на 110.000!

Посетеноста ја донесовте вие, нашите читатели. Препорачајте го овој линк и на други луѓе www.abortusNE.org.mk и овозможете да се прошири вистината за абортусот. Спасете живот на некое бебе!